Сите играчи беа дел од успесите на клубот во последните две сезони, во освојување на европската титула и трофеите во СЕХА лигата и домашното првенство и Купот.
Уште најмалку две сезони „црвено-црниот” дрес на Вардар ќе го носат пивотменот Стојанче Стоилов и десното крило Даниил Шишкарев. Двајцата репрезентативци, едниот на Македонија а другиот на Русија се договорија со клубот за продолжување на соработката до јуни 2020 година
Во Вардар најмалку уште една сезона ќе останат и голманот Даниел Ѓорѓески и крилото Мартин Поповски. Тие потпишаа договори до јуни 2019 година. Токму со настапите во Вардар, десното крило Мартин Поповски се избори и за репрезентативен статус во сениорскиот тим на Македонија.
„Задржувањето на домашните играчи кои ги задоволуваат нашите критериуми секогаш е приоритет за Вардар. Клубот веќе работи на подготовките за новата сезона, и се собираат сите потребни камчиња во мозаикот за да можеме повторно да бидеме во самиот европски врв. Задржувањето на оние на кои им завршуваа договорите е и задржување на поголем дел од костурот на тимот. Веруваме дека со новите засилувања повторно ќе бидеме респектибилен тим во лигата на шампионите, вели Давор Стојаноски, извршниот директор на Вардар.
Македонскиот првак во групната фаза од лигата на шампионите ќе игра во Група А, заедно со Монпелј, Кјелце, Рајн Некар, Барселона, Кристијанштад, Мешков и Веспрем.
Во новата сезона во А групата на лигата на шампионите Вардар ќе почне со гостување во Франција кај актуелниот европски првак Монпелје во средината на септември. Исто така, групната фаза Вардарци ќе ја завршат со дуел со Монпелје на почетокот на март 2019 година.
Извор и фото: rkvardar.mk
Facebook Коментари