Членовите на шаховска школа -Струга постигнаа голем успех на Екипното првенство на Македонија
Викендов во Скопје се одржа Екипно првенство на Македонија за млади во шах.

Првенството се играше во шест категории односно 8, 10, 12, 14, 16 и 18 години.

Шаховската школа Струга (Алкалоид) учествуваше со осум натпреварувачи по категории, и постигна одлични резултати.
Во категоријата до осум години екипата во која играше Лука Симоноски освои трето место .
Во категорија до 12 години, екипата на Герасим Кумбароски и Ивана Велкоска освоија прво место.

Категорија до 14 години екипата на Георг Фармакоски освои второ место.
Во категорија до 16 години , екипата во која се натпреваруваа Стојан Велкоски и Иван Велкоски освоија прво место.

Во категорија до 18 години, екипата во која играа Јана Анѓелкоска и Адмирим Исмаили освои второ место.
-Честитки до сите. Ова е голем успех на членовите на шаховска школа Струга. Ќе се потрудиме и во иднина да го развиваме младинскиот шахво Струга.-изјави Ѓоко Котески од Шаховска школа Струга.
Strugaonline

