Лев банер Десен банер

Дарко Каевски: Започнува реконструкцијата на базенот во Струга, а Едриличарскиот клуб повторно ќе биде отворен

Претседателот на СДММ Дарко Каевски  денеска учествуваше на трибината „На прав пат“ во Струга каде официјално го најави почетокот на реконструкцијата на базенот во Струга,

„Конечно е завршен процесот на собирање на документи од општина и наредната недела ќе се започне со вовед во градба и ќе започнат градежните работи. Од Агенцијата за млади и спорт веќе се издвоени 30 милиони денари наменети за реконстукција на базенот и се планира во 2021 година да биде ставен во функција со што конечно ќе се исполни едно од најважните ветувања што беше дадено за општина Струга.“ – истакна Каевски.

Базенот во Струга не работи дваесет години, а желбата на стружани повторно да профункционира е голема.

Кавски исто така информираше дека овој месец повторно ќе биде отворен едриличарскиот клуб  во Струга.

Strugaonline

фото: архива

error: