„Ден на водни спортови-Струга 2017“ ќе се одржи на 8-ми септември

- Спорт
1039

Клубот „Снегар“ од Струга организира „Ден на водни спортови – Струга 2017“.

Настанот ќе се случува на 8-ми септември на „Машка плажа“ во период од 9 до 23 часот.

„Целта на Денот на водни спортови е да се анимира јавноста за различните водни спортски дисциплини, натпреварувачки дел за секој спорт оделно, дружење помеѓу спортистите како и разменување искуства и тестирање на различна опрема на која што спортистите ги докажуваат своите способности. Настанот ќе се случува на најголемата градска плажа во Струга – Машка плажа, пред Едриличарскиот Клуб Снегар – Струга, на 8ми Септември 2017година.
Натпреварувачкиот дел се состои од :
– три трки едрење во три дисциплини
– две трки СУП, една спринт, една долгометражна(Машка плажа-устие на Црн Дрим-Женска плажа-Машка Плажа)
– две трки во кајак – 200м
-две трки во веслање –скиф 500м
-две трки во кану – 200м
– „ информираат организаторите.

Извор: Strugaonline

Facebook Коментари