По почетната победа против Тунис, македонската ракометна репрезентација веќе се подготвува за вториот предизвик, а тоа е селекцијата на Ангола. Македонија е фаворит во дуел со африканската селекција, но капитенот Кире Лазаров покрај кратката анализа за првиот дуел, предупредува дека не смееме да го потцениме противникот на вториот настап во Мец.
„Сигурен сум дека натпреварот против Ангола ќе биде тежок, но очекувам нова победа. Не треба да ја потцениме Ангола, на добар пат сме и треба да го искористиме она што го имаме во моментов, односно бодовите од првиот натпревар„ – вели Лазаров.
Натпреаврот се игра денес, 14 јануари со почеток во 20:45 минути.
Facebook Коментари