Денеска РК Пелистер по прва домашна победа во ЛШ
Македонскиот шампион Еурофарм Пелистер денеска ќе го одигра осмиот натпревар од новата сезона во Лигата на шампионите.

Гостин во Битола ќе биде данскиот вицепрвак Фредериција, тим во кој настапуваат двајца екс пелистерци – Реине Табоада и Себастијан Хенеберг.
На првото соочување меѓу двата тима, на победа се радуваше битолскиот тим, со пресврт во второто полувреме дојде до триумф од 25:23.
За Еурофарм Пелистер ова ќе биде важен натпревар и со евентуална победа ќе си ги зголеми шансите за осминафинале во европската елита.
Натпреварот меѓу Еурофарм Пелистер и Фредериција ќе се одигра со почеток од 20:45 часот во спортската сала „Боро Чурлевски“.
StrugaOnline

