Ракометното дерби во плеј-офот на Суперлигата меѓу Еурофарм Пелистер и Вардар 1961 ќе мине во полн сјај.
Салата „Боро Чурлевски“ набрзина беше распродадена, трибините ќе бидат полни, а додадена вредност ќе бидат двете навивачки групи. Скопските „Комити“ го најавија гостувањето во Битола, а тоа значи дека заедно со домашните „Чкембари“ со своите песни ќе ги водат играчите на теренот. По забраните пред неколку години, одново „вечното дерби“ ќе биде во полн сјај, со две навивачки групи, а тоа е најава за вистински спектакл.
Дербито меѓу пелистерци и вардарци се игра денеска од 18:30 часот.
StrugaOnline
Facebook Коментари