Два бронзени медали за ЏК „Дрим“ од Струга на турнир во Чешка

- Локални, Спорт
195

Изминатиот викенд, на 10 и 11 мај 2025 година, ЏК „Дрим“ – Струга учествуваше на престижниот турнир GRAND PRIX Nový Bydžov 2025 во Чешка, каде што настапија 1.017 натпреварувачи од 11 земји и 111 клубови.

ЏК „Дрим“ – Струга се претстави со 7 натпреварувачи, кои се натпреваруваа во исклучително силна конкуренција и успеаја да освојат две бронзени медали: Катерина Клењоска (-44 кг) Елеонора Јосифоска (-48 кг).

Одлични борби, голема решителност и желба за победа покажаа и Мила Стојмиловска, Давид Спироски, Доријан Петкоски, Јован Наумоски и Даријан Ночески, кои овојпат не успеаја да се искачат на пиедесталот, но ја заслужуваат нашата пофалба за нивниот труд и борбеност. Особена благодарност упатуваме до македонската заедница во Чешка, која несебично го пречека нашиот тим и со голема енергија ги бодреше нашите натпреварувачи од трибините, – велат од ЏК „Дрим“ – Струга.

StrugaOnline

Facebook Коментари