ЏК „Дрим“ од Струга се врати со 22 медали од турнирите во Грција и Романија

- Локални, Спорт
502

Фуриозен старт на новата сезона за 2025 година на ЏК „Дрим“ Струга освојувајќи 22 медали во еден викенд.

Овој викенд на 15 и 16.02.2025 година, ЏК „Дрим“ Струга настапи во Р. Романија на меѓународниот натпревар „Дробета Куп“ со 6 џудисти на кој се закитија со 3 медали и на меѓународниот натпревар во Р. Грција, „Аминдео“ со 19 џудисти на кој имаа 100% учинок со освоени 19 медали.

-Им го честитаме овој одличен и извондреден резултат на своите џудисти. Со ваквиот вообичаен резултат на нашите џудисти кој за нас постанува редовност во изминатиот период докажуваат дека џудо спортот во Струга, е на највисоко ниво со тоа што претставуваме еден од најуспешните спортски колективи кои редовно го оправдува својот врвен квалитет, велат од ЏК „Дрим“ Струга.

Со медали се закитија:

Р. Грција

1-во место: Мелани Јакуповска, Џан Џемаилоски, Ѓорѓи Јулоски, Божидар Коцев, Ивона Мојсова, Еда Салоски, Елеонора Јосифоска.

2-ро место: Енил Ајдиноски.

3-то место: Сергеј Блажески, Ајлин Бајрамоска, Ненад Костоски, Михаил Недески, Лука Трца, Мунир Ајдиноски, Матеј Димитроски, Катерина Клењоска, Софија Ноческа, Дарио Стојанов, Мила Стојанова.

Р. Романија

1-во место: Анамарија Стојмиловска.

3-то место: Амар Бајрамоски, Давид Спироски.

Без пласман беа Јован Наумоски, Драгица Рафтоска и Даниел Јосифовски.

StrugaOnline

Facebook Коментари