ЏК „Дрим“ Струга освои 15 медали на Државното првенство за Кадети и Деца во Скопје
На Државното првенство за Кадети и Деца кое се одржа на 09.03.2025 година во Скопје струшките џудисти со одличен настап и освоени 15 медали.
Од кадетите со златен медал се закитија: Анамарија Стојмиловска, Амар Бајрамоски и Драгица Рафтоска, сребро – Софија Ноческа и Анастасија Трајчевска, бронза – Мишела Јаулевска.
Од децата злато освоија Мелани Јакуповска и Софија Матоска, сребро – Мила Стојанова, Ајлин Бајрамоска, Ивона Мојсова, Ѓорѓи Јуловски и Сергеј Блажевски, бронза – Дарио Стојанов и Ненад Костоски.
Одлични настапи забележаа и Јован Наумоски, Доријан Петкоски, Мила Стојмиловска, Даниел Јосифовски, Мелек Тала, Божидар Коцев, Михаил Недески, Леонардо Салви, Дамјан Келешоски, Едах Салоски но не успеаа да се искачат на пиедесталот.
StrugaOnline

