Изминатиот викенд Џудо Клубот „Дрим“ Струга учествуваше на меѓународниот натпревар „Куп Града Сараева“ на кој настапија повеќе од 600 џудисти од Балканот и на кој стружаните освоија 4 бронзени медали.
Со бронзени медали се закитија: Мила Стојанова, Катерина Клењоска, Мила Стојмиловска, Елеонора Јосифоска.
Одличен настап имаа и Мелани Јакуповска, Ненад Костоски, Мартина Салви, Леонардо Салви, Сергеј Блажески, но не успеаа да се искачат на пиедесталот.
StrugaOnline
Facebook Коментари