ЏК „Дрим“ Струга освои шест медали на меѓународниот новогодишен џудо турнир во Целје, Словенија
Џудо клубот „Дрим“ Струга забележа исклучително успешен настап на силниот меѓународен турнир во Целје, Словенија, каде што младите натпреварувачи прикажаа врвно џудо и освоија вкупно шест медали.

Со злато се закитија Амар Бајрамоски и Елеонора Јосифоска, сребро за Доријан Петковски и
Енил Ајдиноски, и бронза за Мила Стојмиловска и Давид Спироски
Одличен настап забележа и Мунир Ајдиноски кој и покрај добрата форма но остана без медал, и покрај тоа што покажа висок натпреварувачки дух.
-Џудо клубот „Дрим“ Струга упатува посебна благодарност до г-дин Субија Тајроски, македонски бизнисмен кој живее и работи во Словенија, за неговата континуирана и несебична поддршка кон младите спортисти од Струга. Човек кој долги години го помага спортот но и на секој кој навистина му е потребно.
Џудо клубот „Дрим“ Струга продолжува да ја афирмира Струга и Македонија на меѓународната спортска сцена.
StrugaOnline

