Џудистот Андреј Чакароски од Струга влезе во категоријата спортист – спортска надеж
Агенцијата за млади и спорт го достави до ЏФРСМ решението со кое 10 џудисти, нејзини членови, влегуваат во категоријата спортист – спортска надеж.

Помеѓу нив е и џудистот Андреј Чакароски од Струга кој што е дел од ЏК ,,Дрим“.
Согласно решението, спортистите потпишуваат договор за регулирање на правата и обврските што произлегуваат од него.
За доделената спортска категорија џудистите ќе бидат ослободени од плаќање данок на доход.
Strugaonline

