Најдобриот македонски џудист, Еди Шерифовски (категорија -81 кгр) ќе учествува на Олимписките игри Париз 2024, оваа одлука врз основа на постигнатите резултати на Шерифовски ја донесоа Меѓународниот олимписки комитет и Меѓународната Џудо Федерација.

-Со ова продолжува трендот на континуирано учество на македонските џудисти и џудистки, имајќи во предвид дека ова се трети Олимписки игри по ред на кои учествуваат најдобрите македонски спортисти и спортистки во Џудо-велат од Македонскиот олимписки комитет.
Од таму изразија уверување дека Еди ќе го даде својот максимум во Париз и дека заедно со својот тренер Горан Мицковски ќе постигнат одличен резултат на претстојните Олимписки игри.
Претходно Катерина Николовска во РИО 2016 и Арбреша Реџепи ТОКИО 2020 учествуваа на Олимписките игри.
Strugaonline
Facebook Коментари