Џудо сениорска репрезентација до 23 години викендов 13-15 октомври 2023, учествуваше на Балканското првенство за млади сениори до 23 години во Истанбул – Турција.
На Балканското првенство за млади сениори до 23 години учествуваа натпреварувачи од 9 балкански земји и тоа: Босна и Херцеговина, Косово, Македонија, Бугарија, Молдавија, Романија, Грција, Црна Гора и домаќинот Турција.

-Нашиот репрезентативец Еди Шерифовски се закити со титулата Балкански вицешампион. Шерифовски во четвртфиналето славеше против Селахатин Елнас, во полуфиналето беше подобар и го победи Ерен Кочак, во финалето во израмнета борба загуби од Нихат Карачан и го освои сребрениот медал.-информираат од џудо федерацијата на Македонија.
Останатите наши репрезентативци прикажаа добри борби но не успеаја да се качат на пиедесталот.
Во продолжение резултатите во поединечна и екипна тим микс конкуренција:
Резарт Хусени (- 66 кг) 7мо. место,
Андреј Симоноски (- 73 кг) 7мо. место,
Георгиј Магдески (- 73 кг) 7мо. место,
Еди Шерифовски (- 81 кг) сребрен медал,
Андреј Чакарoвски (- 90 кг) 5то. место,
Лилјана Недановска (- 63 кг) 7мо. место,
Кристина Мантароска (- 63 кг) 7мо. место
Катерина Ацевска (+ 78 кг) 5то. место.
Резултати екипна микс тим конкуренција:
Македонија (тим микс) 5то. Место.
-Сите репрезентативци на високо ниво ги исполнија своите репрезентативни обврски, веруваме дека во иднина резултатите ќе бидат уште подобри и секој од нив ќе се закити со медал.
На Шерифовски му честитаме за титулата Балкански вицешампион и му посакуваме многу успех и на претстојните натпревари.-стои во соопштението од Џудо федерацијата на Македонија
Facebook Коментари