Џудо клубот „ДРИМ“ од Струга доби 4 државни прваци на државното првенство за кадети и деца!!!

На 02.04.2017 (недела) во Битола, Џудо клубот „ДРИМ“ од Струга учествуваше на државно првенство за деца и кадети со 13 натпреварувачи, 5 во кадетска конкуренција и 8 во конкуренција на деца.

И на ова државно првенство Џудо клубот „ДРИМ“ од Струга беа доминантни, со освоени 10 медали, 3 за кадети и 7 за деца.

Со медали се закитија:
Кадети:
01. Андреј Чакаровски – 90 кг. злато,
02. Христијан Тодев – 66 кг. бронза,
03. Андреј Симоноски – 50 кг. бронза,


Деца:
01. Доријан Петкоски – 22 кг. злато,
02. Андреј Јовцески – 25 кг. злато,

03. Анамарија Стојмиловска – 24 кг. злато,
04. Герасим Кумбароски – 22 кг. сребро,

05. Вилијан Павлович – 46 кг. сребро,
06. Петар Дуноски – 25 кг. бронза,
07. Стефан Попоски – 46 кг. бронза.

Одличен настап забележаа и Божидар Донески, Христијан Глигороски и Александар Шилески, но не успеаа да се закитат со медали.

Со ова уште еднаш покажаа дека ЏУДО спортот е на врвот во општина Струга.
Извор: StrugaOnline

