Џудо клубот „Дрим“ од Струга освои девет медали на меѓународен натпревар во Прилеп

Џудо клубот „Дрим“ од Струга учествуваше на меѓународниот натпревар „PRILEP OPEN“ со 11 свои натпреварувачи и освои девет медали. Четри златни, два сребрени и три бронзени медали натпреварувачите гордо донесоа во Струга.

Златни медали освоија:
Андреј Чакаровски – 90kg, кадети
Марио Нелоски- 34kg пионери
Христијан Глигороски 73kg пионери
АнаМарија Стојмиловска -25kg полетарки

Сребрени медали освоија:
Михаил Касниоски – 34kg пионери
Стефан Попоски- 46kg пионери

Бронзени:
Халид Салиоски – 73 kg пионери
Доријан Петкоски – 22kg полетарци
Петар Дуноски 31 кg полетарци

Успешнита струшки џудисти следната недела продолжуваат понатаму и тоа на два фронта. Тие ќе настапат на меѓународните натпревари во Скопје (MKD) „MIOKI OPEN“ и Cetinje (MNE) „13 Ноември“.
Извор: Strugaonline

