Џудистот Еди Шерифоски ќе ја претставува Македонија на овогодинешните олимписки игри што се одржуваат во Париз, Франција.

Турнирот во џудо ќе започне на 27-ми јули, а ќе трае до 3-ти август. Еди својот прв настап ќе го има на 30-ти јули.
За нашиот најдобар џудист, олимпијадата значи сон од детеството и цел која живеела во него секој ден.
-Чувството е феноменално, на моменти заборавам дека навистина ќе бидам Олимпиец. Една “придавка” која многу значи за мене. Како еден чин, придавка која се добива со многу работа.
Очекувањата лично за мене се големи. Иако не сум фаворит на хартија, знам дека можам да приредам едно големо изненадување. Спремен сум и физички и ментално за да ја направам нацијата горда, изјави Шерифовски, а пренесе ЏФМ.
Ова е трета Олимпијада по ред на која Македонија ќе има претставник во џудо. Претходно, Катерина Николовска не’ претставуваше во Рио 2016, а Арбреша Реџепи настапи во Токио 2020-та година.
Strugaonline
фото:ЏФМ
Facebook Коментари