ЕХФ: „Кире Лазаров и Паул Друкс завршија со настапот на Европското првенство во Хрватска“

- Спорт
950

„Лоша вест за играчите кои се повредија на мечевите во Вараждин. Кире Лазаров и Паул Друкс завршија со настапот на Европското првенство во Хрватска“ – оваа информација денеска осамна на твитер профилот на Европската ракометна федерација. Официјална потврда од нашата репрезентација се уште нема но, по се изгледа се исполни претпоставката на Раул Гонзалес кој синоќа по поразот од Шпанија  изрази загриженост поради повредата на Лазаров кој утрово во 09 часот замина за Загреб за да му биде направен детален преглед. Раул Гонзалес синоќа во изјава за медиумите истакна дека ќе биде тешко без капитенот да се совладаат селекциите на Чешка и Данска.

Strugaonline

Facebook Коментари