Европската ракометна федерација конечно донесе одлука за одложениот натпревар меѓу македонскиот и грчкиот претставник кои требаше да играат во финалето на ЕХФ Европскиот Куп.
ЕХФ го регистрира мечот со службена победа на Алкалоид над АЕК Атина со 10-0.
Грчкиот клуб ги наруши правилата со тоа што не се појави на теренот во СЦ „Борис Трајковски“ и затоа носи одговорност.
Но и покрај тоа македонскиот тим ќе биде казнет од ЕХФ поради одбивањето да обезбеди доволен број билети за гостинските навивачи, а ракометниот Суд на ЕХФ допрва ќе ги донесе тие одлуки.
Првиот меч во Атина заврши со победа на тимот на Алкалоид над АЕК со 29:25 и со вкупен резултат 39:25, трофејот доаѓа во Скопје, Македонија.
StrugaOnline
Facebook Коментари