Ракометна репрезентација на Македонија во втората фаза на Светското првенство во Египет денеска игра против селекцијата на Русија. Мечот е закажан за 15:30 часот.
Русија во овој натпревар влегува како фаворит и во главната фаза има амбиции за напад на првите две позиции , моментално се наоѓа на четвртото место во групата четири со три освоени бодови, додека Македонија е последна со само два.
Ова за нашата репрезентација ќе биде петти натпревар од почетокот на мундијалот. Претходно загубивме од Шведска, Египет и Словенија, а славевме против селекцијата на Чиле.
Strugaonline
фото: архива
Facebook Коментари