ЕП Одбојка: Македонија ја совлада Данска

- Македонија, Спорт
501

Значајна победа за Македонија од 3-1 во дуелот со Данска на стартот од ЕП во кое натпреварите од нашата група се играат во Скопје.

Мечот започна со голема борба во првиот сет кој сепак им припадна на Данците.
Сепак во вториот сет нашите репрезентативци заиграа посигурно и тоа им донесе израмнување.
Таквата игра продолжи и во третиот сет кој повторно ни припадна нам, но во четвртиот беше многу понеизвесно бидејќи Данска дојде до предност но не успеа да го издржи притисокот и Македонија успеа да направи пресврт и да го освои со 25-22 за конечни 3-1.

Следен противник во сабота е Црна Гора.

StrugaOnline

Facebook Коментари