Еурофарм Пелистер со голема победа над Татабања во Битола
Ракометарите на Еурофарм Пелистер на домашен терен убедливо славеа над Татабања со резултат 33:20.

Играта беше речиси рамноправна во првите десет минути од натпреварот, потоа се’ беше во знакот на тимот од Битола, кој ја казнуваше секоја грешка на противникот. На полувреме беше 17:9.
Во вториот дел Еурофарм Пелистер стигна и до 15 голови предност .
Битолчани стигнаа до резултат 27:12, a потоа го спуштија темпото, тимот на Татабања успеа само да ја намали резултатската разлика .
Strugaonline
фото: РК Еурофарм Пелистер

