Еурофарм Пелистер вечерва игра на гости против Тримо Требње

- Спорт
829

Екипата на Еурофарм Пелистер вечерва  го игра четвртиот натпревар сезонава во Лигата на Европа, а за противник го има составот на Тримо Требње од Словенија.

Битолчани на гости во Словенија се пред голем предизвик и се очекува да го дадат својот максимум за да дојдат до нови бодови.

Тренерот Жељко Бабиќ со многу респект гледа на анонимниот противник, посебно по победата над Татабања.

„Верувам дека во ова натпреварување нема фаворити, посебно што многу екипи имаа проблеми со ковид-19. Видовме дека Тримо Требње ја победи Татабања, иако унгарскиот тим беше фаворит. Мислам дека улогата на фаворит не треба ни да се спомнува. Важно ни е што се враќаме во натпреварувачки ритам, ова ни е трет натпревар во низа, имаме интензитет на тренинзите, играчите се поспремни од пред 10-15 дена и очекувам добра презентација на нашиот тим.

Од мој тренерски агол можам да кажам дека Урош Зорман врши одлична работа. Одличен тренер е и тоа е видливо на секој чекор. Екипата е дисциплинирана, страотно брза, казнува од транзиција, добро играат еден на еден и со пивотмен. Тимот е одлично селекциониран и добро воден од тренерот Зорман“, истакна Жељко Бабиќ.

Натпреварот е закажан за 20:45 часот, во салата „Тиволи“

Извор: РК Еурофарм Пелистер

Facebook Коментари