Езерското дерби во втората кошаркарска лига жени им припадна на стружанките
Езерското дерби во втората кошаркарска лига жени им припадна на стружанките од ЖКК Струга 2009, совладувајќи ги ГКК Охрид со 37:30 (11:07; 13:07; 05:07; 08:08).
Стружанките освен во првите две минути, целосно го контролираа резултатот во текот на целиот натпревар.
Муртезаи забележа 16 поени, Зиба 13, Миладиноска 7 и Незири 2 поени.
-Морам да нагласам за извонредната игра на Алба Таранеши во одбрана и организација на игра, како и на младата Мила Дукоска која изигра многу добро и искусно за нејзините 14 години. Оваа победа добива на тежина поради фактот за отсуството од различни причини на капитенот Хиса, Цинчиќ и Даути. Моментално делиме прво место со уште три екипи, следен викенд ни доаѓа екипата на ЖКК Лирија од Куманово и се надевам со победа ќе се издвоиме на првото место на табелата, вели тренерот на ЖКК Струга 2009, Владимир Ѓоровиќ.
StrugaOnline

