Фабриката за шампиони џудо клубот „Дрим“ повторно се закити сo медали

На 29.04.2017 год. во Пловдив, Бугарија се оддржа меѓународниот натрпревар „Gladiator open“ 2017!
На натпреварот џудо клубот „ДРИМ“ од Струга зеде учество со 4 натпреварувачи и освои 4 медали и пехар за најдобра странска екипа во конкуренција на полетарци.

Со медали се закитија:
1. Анамарија Стојмиловска (сребро)
2. Александар Шулески (бронза)
3. Доријан Петкоски (бронза)
4. Вилијан Павловиќ (бронза)

„Јас како тренер сум горд на моите џудисти за освоените медали и пехари. Браво дечки вие ми давате мотив за работа“ – изјави Ѓорѓи Стојанов.


Извор: StrugaOnline

