ФК Караорман ќе почека со стартот во Втората македонска фудбалска лига

- Спорт
592

Викендов се очекуваше да започне Втората македонска фудбалска лига, која од оваа година ќе биде една и со 16 екипи учесници. Сите натпревари беа закажани за в сабота од 17:00 часот, меѓутоа дојде до промена на планот.

Комисијата за натпреварување при Фудбалската федерација на Македонија донесе одлука да се одложат натпреварите од првата рунда на ВМФЛ.

Eкипата на ФК Караорман донесе голема радост во Струга откако на 22 јуни 2022 година постигна историски успех, после повеќе од една деценија и успеа да влезе во втората фудбалска лига…

Првото коло во ВМФЛ:

Кожуф – Пелистер
Арсими – Вардар
Пехчево – Гостивар
Охрид – Тетекс
Детонит – Беласица
Караорман – Воска Спорт
Саса – Беса
Борец – Слога Виница

Според најавеното, Комисијата за натпреварување дополнително ќе го одреди терминот за одигрување на одложеното коло, а причини за оваа одлука не се наведени.

Facebook Коментари