ФК Караорман на гости во Враништа ја совлада екипата на ФК Македонија
Викендов беше одиграно 8. -то коло од Третата лига – Југозапад, во чии рамки ФК Караорман на гости во Враништа славеше против ФК Македонија со резултат 1:2.

Сите три гола беа постигнати во второто полувреме, а стрелци за Караорман беа Милески и Далчески.
Уште на почетокот на сезоната, фудбалскиот клуб Караорман го најави својот стремеж за победи кои би го однеле во втората лига на која со повеќе засилувања атакува оваа сезона.
Strugaonline

