Ѓоковиќ го освои седмиот трофеј на Мастерсот во Париз - 06/11/2023 - Спорт 512 Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ по седми пат во кариерата го освои Мастерсот во Париз. Тој вчера стигна до јубилејната 40-та титула на Мастерс турнирите, а ова за него е 97. освоен турнир во кариерата. Ѓоковиќ во финалето го совлада бугаринот Григор Димитров со 2:0, 6:4, 6:3 по час и 40 минути игра. Facebook Коментари
Facebook Коментари