Лев банер Десен банер

Голема победа на Вардар во Франција, падна Нант со шест гола разлика

Вардар дојде до првата победа во Лигата на шампионите оваа сезона, откако сензационално триумфираше на гостувањето кај Нант со 27:33. Иако македонскиот првак важеше за аутсајдер во овој натпревар, сепак, на крајот „црвено-црните“ успеја да слават. Со овие шест голови разлика може да бидат среќни и Французите, затоа што Вардарци може да слават и поубедлива победа.

Избраниците на Иван Чупиќ одиграа одличен натпревар во Франција. Во првиот дел заминаа со три гола разлика, а потоа одиграа уште подобро во вториот дел, кога стигнаа до предност дури и со 10 голови разлика.

На половија од првиот дел имаа предност од 7:11, благодарение на одбраните на Валах за на крај да дојдат до конечни 27:33.

StrugaOnline

error: