Лев банер Десен банер

Голема победа на ЖРК Стружанка вчера против ЖРК Овче Поле СУ

Во рамките на супер женската лига, вчера ЖРК Стружанка одигра одличен натпревар против екипата на ЖРК Овче Поле СУ од Свети Николе и успеаја да постигнат голема победа со 10 голови разлика 31:21 (17:9 на полувреме).

– И без отсутните Маркоска, Лушеска и Петреска вратен е стар долг. Грубата игра на гостите на вроди со плод, ЖРК Стружанка е школа и игра ракомет а не рагби, велат од стручниот штаб на ЖРК Стружанка.

Најефикасни кај стружанките беа Раткушиноска Маја со 12 голови, Маџоска Вања 8, Миновска Ива и Затуроска Ивана со 3 голови, Переска Тијана 2, Митоска Марина, Переска Антонија и Танеска Ивана со 1 гол.

Кај гостите најефикасни беа: Ангелоска Јована со 5 голови, Конева Јована и Димчева Викторија 4, Сентовска Анастасија и Ристовска Јана 3, Крстева Нина и Вучевска Мартина со 1 гол.

StrugaOnline

error: