Лев банер Десен банер

Голманот на Охрид, Благојче Трајкоски најдобар ракометар во Супер машката лига

Голманот на Охрид, Благојче Трајкоски ги доби максималните 15 гласа во изборот за најдобар ракометар во регуларниот дел од Супер машката лига за сезоната 2017/2018.

Тој имаше најмногу гласови во трите категории така што немаше конкуренција и сосема заслужено се наоѓа пред своите колеги од тимовите на Радовиш, Металург, Пелистер и Пролет.

Трајкоски доби 15 гласа, зад него со 10 остана голманот на Пелистер, Милош Рајичиќ, а потоа следуваа Никола Даниловски (Металург) и Стефан Кимевски (Пролет) со осум и Славјан Паунов од Радовиш со четири гласа.

извор: 24rakomet.mk

фото: 24rakomet.mk

error: