Раул Гонзалес го напушта Вардар и по завршувањето на сезонава се сели на клупата на Пари сен Жермен. Финансиската кризза во таборот на „црвено-црните“ го стори своето, покрај Гонзалес се најавува и заминување на голем дел од клучните ракометари, но добра вест во целата ситуација е што Шпанецот планира да остане максимално лојален кога станува збор за ангажманот како селектор на македонската репрезентација.
„Договорот е да ги комбинирам двете функции. Имам договор како селектор на Македонија до 2020 година што планирам максимално да го испочитувам“ – изјавил Гонзалес, за екипа.мк Иако трансферот е потврден од сите освен од раководството на ПСЖ (што е само прашање на време), скромниот Шпанец не сака да говори премногу за својот нов клуб.
Извор: екипа.мк
Facebook Коментари