Лев банер Десен банер

Грандиозно 5 издание на шаховскиот фестивал Езерска Кралица 2024 Струга

Заврши 5-то јубилејно издание на традиционалниот младински шаховски фестивал Езерска Кралица 2024.

„Во прекрасен амбиент, специјално тематски декорирана сала и сите услови за фер игра, околу 80 учесници беа дел од овој прекрасен настан. Интересот за овој турнир од година во година е се поголем, особено за странските шахисти, па така во сите 4 групи имаше играчи од Албанија, Грција, Косово, Бугарија, Црна Гора и секако од многу шаховски клубови од Македонија. Успешен настап и за домаќините, децата од Шаховската школа Струга кои покажаа одлична игра. Турнирот Езерска Кралица веќе е Балкански бренд турнир и ние и понатаму ќе продолжиме да го развиваме“ – вели Ѓоко Котески организаторот на фестивалот.

Ова издание беше роденденско па на големо задоволство на сите, имаше и роденденска забава, беа дувнати свеќите на тортата, со желби турнирот да трае уште многу години. Со пехари и медалји за победниците, но и со многу подароци за најмладите, заврши овогодинешното јубилејно издание на шаховски фестивал Езерска Кралица.

Во продолжение победниците во групи:

Група до 08 години

– Дукни Ноел (Албанија) – Јованоски Јован (Македонија) – Гури Јуан (Албанија);

Група до 10 години

– Зото Анси (Албанија) – Гиговски Михаил (Македонија) – Бабамуста Аиден (Албанија);

Група до 12 години

– Цани Ерди (Албанија) – Ндреко Аилин (Албанија) – Стефанов Георги (Бугарија);

Група до 20 години

– Јусуфи Ахмет (Косово) – Штавица Алаудин (Косово) – Георг Фармакоски (Македонија).

error: