Игор Стефановски Иџе победник на Европскиот шампионат на ридски патеки во група 1
Игор Стефановски Иџе овој викенд се закити со титулата победник во Европскиот шампионат на ридски патеки (ЕHC), во група 1
Нашиот Игор Стефановски со победа ја заокружи својата тркачка сезона за оваа година. Тој викендов во Хрватска ја возеше последната трка од шампионатот кој започна на 28.04.2024 во Австрија. На оваа трка заврши трет, а во генералниот пласман на Европскиот шампионат на ридски патеки, во група 1 го освои првото место, по извозени 10 трки низ цела Европа, и тоа низ Австрија, Португалија, Шпанија, Италија, Германија.

StrugaOnline

