Македонската фудбалска репрезентација на најубав можен начин го заокружи настапот во Лигата на нации и ја победи селекцијата на Фарски Острови со голот на Бојан Миовски во 62. минута.
Избраниците на Благоја Милевски остварија неколку историски успеси во овој циклус, најпрво изборивме пласман Б сегментот од ова натпреварување и во следната етапа ќе играме со далеку посериозни противници, а исто така и првпат во историјата забележавме пет победи во низа, и тоа без ниту еден примен погодок.
„Целта ни беше првото место и среќни сме за победата. Теренот не ни овозможуваше да бидеме многу поопасни кон голот на Фарски Острови, но договорот беше да останеме смирени до самиот крај. Ми се укажа една шанса, ја реализирав и драго ми е за победата”. изјави Бојан Миовски по победата.
StrugaOnline
Facebook Коментари