Извлечени се двојките за четвртфиналето во ЛШ

- Спорт
1117

Три шпански, две англиски и италијански и една германска екипа ќе се борат за овосезонскиот трофеј на Лигата на шампионите.

Денешната ждрапка во седиштето на УЕФА во Нион  донесе неколку возбудливи четвртфинални натпревари. Петкратниот шампион Барса ќе игра против  Рома, Баерн Минхен ќе се пресмета со  Севиља, додека најинтересни се очекува да бидат  натпреварите меѓу Јувентус и Реал Мадрид и англиските гиганти Манчестер Сити и Ливерпул.

Четвтфинале:

Барселона – Рома

Севиља – Баерн Минхен

Јувентус – Реал Мадрид

Ливерпул – Манчестер Сити

Првите натпревари ќе се одиграат на 3 и 4 април, додека реванш средбите се закажани за една недела подоцна, односно на  10-ти  и 11-ти  април.

 

Facebook Коментари