Ј.Кореја е нов светски шампион на Светското кадетско првенство на кој домаќин беше Македонија

Вчера официјално заврши кадетскиот Мундијал во женска конкуренција, во финалниот натпревар селекцијата на Јужна Кореја ја совлада селекцијата на Данска со резултат од 31:28, а селекцијата на Унгарија беше подобра од селекцијата на Холандија во натпреварот за бронзениот медал со резултат 27:26.
На Мундијалот кој се одржуваше во Скопје во периодот од 29.07-10.08.2022 се одиграа 115 меѓународни натпревари со 32 земји учеснички.
StrugaOnline

