Лев банер Десен банер

Јуниорките на ЖКК Струга 2009 со победа се вратија од Крива Паланка

Струшките јуниорки со победа се вратија од Крива Паланка, ЖКК Крива Паланка – ЖКК Струга 2009, 60:62 (15:15; 13:09; 11:20; 19:18).

Во рамките на петтото коло од јуниорската лига стружанките забележаа важна победа во Крива Паланка, после тежок, изедначен натпревар, повеќе снаодливи беа стружанките со што победија со 62:60.

Најдобри стрелци во струшката екипа беа: Зиба со 26 поени, Муртезаи 24, Незири и Даути со 4, Миладиноска 2 и Таранеши со 1 поен.

-Честитки до мојата екипа, натпревар во Крива Паланка е секогаш тежок, поради квалитетот на противникот но и долгото патување. Девојките собраа сила и ја забележаа оваа многу важна победа. Со оваа победа на гостински терен сме кандидати за првите четири места во јуниорската лига, кој што овозможува полесен противник во четвртфиналето и мајсторка на домашен терен. Би истакнал за одличниот учинок на Зиба и Муртезаи, но и за одличната игра во одбрана на целата екипа а посебно на Незири и Таранеши кои ја доведоа можеби најдобрата кошаркарка во јуниорската лига, Груевска на само 14 поени, изјави за strugaonline тренерот на ЖКК Струга 2009 Владимир Ѓоровиќ.

StrugaOnline

error: