Лев банер Десен банер

Kaдетите на РК Струга славеа на домашен терен против РК Макалоски од Прилеп

Кадетите на РК Струга вчера на домашен терен славеа против екипата на РК Макалоски од Прилеп. Не може да се каже дека следевме возбудлив и неизвесен натпревар со оглед на тоа дека нашите ракометари водеа во текот на целиот натпревар. На крајот од првиот дел водевме со 13:07, а во вториот дел од натпреварот само ја запечативме победата со краен резултат 22:19

Следниот предизвик на Струшките кадети е повторно на домашен терен, оваа сабота во спортски центар Тими со кадетската екипа од Кичево.

Strugaonine

фото: архива

error: