Лев банер Десен банер

Кадетките на Ж.К.К. Струга 2009 убедливи во езерското дерби против Охрид

Кадетките на Ж.К.К. Струга 2009 забележаа убедлива победа во езерското дерби против Г.К.К. Охрид, славејќи со високи 61:20. Стружанките уште од самиот почеток ја наметнаа својата игра и со сигурна и ефикасна партија заслужено стигнаа до победата.

Домашниот состав одлично го отвори натпреварот, добивајќи ја првата четвртина со 20:3. Во продолжението стружанки ја задржаа контролата врз играта и предноста ја зголемуваа од четвртина во четвртина. На полувремето резултатот беше 34:8, додека во второто полувреме Ж.К.К. Струга 2009 продолжи со доминантната игра и го приведе натпреварот до убедлив триумф. По четвртини: 20:3, 14:5, 15:8, 12:4.

Најефикасна во редовите на Ж.К.К. Струга 2009 беше Мијевска со 13 поени. Дукоска и Стеблева постигнаа по 12 поени, додека Ајдиноска, Узуновска и Танаскоска придонесоа со по 4 поени.

Во листата на стрелци се запишаа и Мојсоска и Коцареска со по 3 поени, како и Хаџиева, Коруноска и Крацоска со по 2 поени.

StrugaOnline

error: