Кадетките на ЖРК „Стружанка“ славеа на гостувањето во Гевгелија
Во рамките на кадетската лига, кадетките на ЖРК Стружанка вчера на гостински терен ја совлада екипата на ЖРК Гевгелија Југ од Гевгелија.
ЖРК Гевгелија Југ-ЖРК Стружанка 25-29 (10-15 на полувреме).
Најефикасни кај стружанките беа: Едје Сејадин со 10 гола, Петреска Јана 8, Билкова Бојана 7, Маркоска Марија и Глигороска Михаела со 2 гола.
StrugaOnline

