Лев банер Десен банер

Кадетската репрезентација на Македонија триумфираше на ЕХФ шампионатот во Рига

Кадетската репрезентација на Македонија донесе голема радост за сите љубители на ракометот  обезбедувајќи  место на следното младинско ЕП 2024 година и на следното кадетско СП 2023 година.  Кадетите победија   на Б европското првенство што се играше во Рига, Летонија. Во финалето нашите ракометари ја совладија  Швајцарија со 24-22, а дури четворица играчи од нашата репрезентација се најдоа во идеалниот состав.
Посебно воодушевување предизвика фактот дека организаторот при интонирање на химната ја пушти само првата строфа, а кадетите  во еден глас ја довршија целата химна на Македонија.

error: