Лев банер Десен банер

Карпош Соколи е освојувач на Купот на Македонија во кошарка

Фени Индустри не издржа на третиот меч во три дена и после две големи победи загуби во финалето со 69:80

Карпош Соколи е освојувач на Купот на Македонија во кошарка. Овој тим во финалето во совлада Фени Индустри откако успеа во последните десет минути целосно да го скрши отпорот на кавадарчани.

После големото надигрување во првите 30 минути дојде до целосна контрола во завршните десет минути, па Карпош Соколи успеаја да се изборат за триумф од 80:69 со што го добија првиот трофеј во своите витрини. Со ова, Купот на Македонија доби уште еден носител, а Карпош Соколи се запиша меѓу освојувачите,

Пред ова финале се одигра и мечот за трофеј во женска конкуренција. Таму во финалето се сретнаа Бадел и Вардар. Вардарки победија со 69:65.

error: