Кил е новиот европски првак, Барселона немоќна

- Спорт
525

Во исклучиво квалитетен натпревар Кил ја освои Лигата на шампионите совладувајќи ја екипата на Барселона која важеше за фаворит.

И двете екипи започнаа со максимална мотивација, иако Кил уште на почетокот поведе со плус 2. Веќе во 8. минута беше 6:4, од 15 до 18 минута Кил успеа да направи +4 , но многу брзо се врати неизвесноста со оглед на тоа дека Барселона го врати ритамот и успеа да стигне до 13:12. Со брзи реализации од двете страни за неколку минути веќе беше 15:15. На крај на првиот дел Кил отиде на одмор со водство од 19:16.

Во вториот дел Кил беше уште посилен, дури во 53-та минута Барселона успеа да намали на 28:25 но тоа не беше доволно за пресврт. Во Ланксес Арена во Келн Кил стана европски првак со резултат 33:28

КИЛ – БАРСЕЛОНА         33:28 (19:16)

Сала: Ланксес Арена во Келн. Судии: Матија Губица и Борис Милошевиќ од Хрватска. Делегати: Драган Начевски од Македонија и Виктор Поладенко од Русија.

КИЛ: Ландин (14 одб.), Квенштедт, Ериг, Дувњак 0/2, Сагосен 7/11, Рајнкинд 1/5, Зунефелдт, Вајнхолд 5/7, Винцек 2/3, Екберг 8/10, Бенитез, Вегер, Дамке 5/6, Зарабец 1/3, Фојгт, Пекелер 4/5

Седмерци: 6/6, Исклучувања: 10 мин.

БАРСЕЛОНА: Перез де Варгас (10 одб.),  Мелер (1 одб.), Ентрериос 1/2, Сораиндо, Доленец 0/1, Арињо 4/6, Јанц 0/2, Н’Гесан 1/2, Гомез Абељо 10/12, Дос Сантос 1/1, Мем 4/7, Циндриќ 3/4, Паскал Гарсија, Палмарсон 1/5, Фабрегас 3/4, Фраде

Седмерци: 5/7, Исклучувања: 8 мин.

Facebook Коментари