Кирил Лазаров е најдобар стрелец во историјата на Ф4

- Спорт
892

Капитенот на македонската ракометна репрезентација Кирил Лазаров не успеа да го освои трофејот во Лигата на шампионите (ЛШ), откако екипата на Нант беше поразена од Монпелје со 26-32.

Лазаров финалниот натпревар  постигна шест погодоци и влезе во историјата на лигата на шампионите како најдобар стрелец на завршните турнири со вкупно 65 погододи. Капитенот ги мина Филип Јиха и Момир Илиќ на вечната листа кои имаат по 56 погодоци.

Ова беше четврто финале за Кирил Лазаров во Лигата на шампионите, во 2015 година со Барселона стана европски првак.

Извор и фото: kl7.mk

Strugaonline

 

Facebook Коментари