Кошаркарите на Охрид рутински го совладаа Вардар 73-64
Охрид, 21. декември 2016 – Охрид рутински славеше на домашен терен против Вардар со 73-64, во рамките на натпревар од кошаркарскиот шампионат на Македонија.

Охриѓани целата работа ја завршија уште во првата четвртина, поведувајќи со 29-13. Вардар опасно се закани во последната четвртина доаѓајќи до само пет поени разлика (61-56), но младиот тим од Скопје немаше сили за целосен пресврт.
Василевиќ беше најубедлив кај охриѓани со 22 поени и 22 скока, а најефикасни кај Вардар беа Калов со 16 и Србиновски со 12 поени.
извор: ОхридПрес

