Кошаркарките на ЖКК Струга 2009 со победа го започнаа натпреварувањето во Втората македонска лига за жени
Кошаркарките на ЖКК Струга 2009 со победа го започнаа натпреварувањето во Втората македонска лига за жени.
Во првото коло беа слободни, а во второто коло во Гостивар ја совладаа екипата на ЖКК Гостивар со 47:49 (17:07; 09:12; 09:16; 12:14). Најдобри стрелци во струшката екипа беа: Зиба 16 поени, Хиса 15, Муртезаи 7, Миладиноска 3, Кавај и Таранеши по 2 поени. Во екипата на ЖКК Гостивар 11 поени постигна стружанката Јана Чолакоска која како играч од ЖКК Бадел настапува и за ЖКК Гостивар со двојна лиценца.
-После многу години повторно во Македонија се играат 2 лиги (прва и втора). Во суштина не е многу сменето од претходно кога се играше прва А и прва Б лига, патот до првата лига е тежок поради тоа што само шампионот влегува во повисок ранг. Лошо го отворивме натпреварот но не прекинавме да играме, стрпливо ја намалувавме разликата и влеговме во егал завршница каде бевме посмирени и подобри. Прво Таранеши ни донесе изедначување а потоа Миладиноска погоди две слободни фрлања за 47:49 кое беше и крајниот резултат, домашната екипа промаши две фрлања и еден шут во последниот напад. Морам да напоменам дека екипата на на ЖКК Гостивар амбициозно влегува во натпреварување оваа сезона, тоа го потврдува и ангажманот на три кошаркарки од ЖКК Бадел и една од ЖКК Вардар со двојна лиценца. Истота така морам да спомнам дека и оваа сезона сме убедливо најмлад состав во лигата, имаме само една сениорка Јонида Хиса која има 18 години, просекот на нашата екипа е нешто помалу од 16 години, вели за strugaonline трењерот на ЖКК Струга 2009 Владимир Ѓоровиќ.
Исто така ЖКК Струга 2009 ги започна натпреварувањата и во четири младински категории (јуниорки, кадетки, пионерки и помали пионерки) и засега се остварени пет победи без ниту еден пораз.
StrugaOnline

