На вчерашниот натпревар што се играше Кожани во рамките на квалификациите за ЕП 2020, Македонија загуби од Грција, со резултат 28:26 (12:13). Сосема неочекуван пораз, ако се земе во предвид дека Македонија беше апсолутен фаворит во овој натпревар. По бледата играа против Турција во Скопје, Македонија одигра очаен натпревар со кој го доведе во прашање своето “сигурно“ учество на ЕП 2020. Гледајќи ги сигурните резултати на Исланд, кој двоцифрено ги порази и Турција и Грција, веројатно решавачка ќе биде средбата во Турција каде ќе бранеме позитива од само четири гола.
Македонија наизглед сигурно ја почна средбата, бидејќи многу рано обезбеди солидна предност од четири гола, 1:5. Но противникот не се предаде и постепено стигна до израмнети 8:8. Се до крајот на првиот дел се водеше борба за секој гол, па на одмор заминавме со минимални 12:13.
Вториот дел Македонија го започна со предност од три гола, 15:18, но тоа траеше многу кратко, бидејќи нашите ракометати влегоа во криза и во период на грешки во серија. Грција успеа да израмни на 22:22, а потоа и да поведе со 23:22. Од тој момент почна голготата на македонските ракометари, кои не успеаа да го совладат шокот и да се вратат во водство. Конечниот резултат е реален според сето тоа што го видовме на теренот. За среќа, расположен беше Никола Митревски, кој одбрани 13 удари, инаку срамот ќе беше и поголем.
.Грција – Македонија 28:26 (12:13)
Македонија: Митревски (13 одбрани), Даскаловски, К.Лазаров 8, Талески 6, Манасков 4, Георгиевски 2, Пешевски 2, Ф.Лазаров 1, Н.Маркоски 1, Поповски 1, Прибак 1, Кузмановски, В.Маркоски, Ојлески, Стоилов и Велковски.
Извор и фото: rkmetalurg.mk
Facebook Коментари