Лев банер Десен банер

Лацио ја прекина серијата на Интер и обезбеди полуфинале на Купот

1nzpY-lacio-biglia

Лацио е првиот полуфиналист во Купот на Италија, откако вчера со 1-2 славеше на гостувањето кај „Нероаѕурите”.
Победничката серија на Интер заврши, избраниците на Пиоли се поразени пред своите фанови во дуелот со Лацио.
Андерсон ги донесе гостите во предност од 0-1 во 20. минута. Биглиа погоди од пенал за 0-2 во 56. минута а Интер остана и без играч помалку откако Миранда доби црвен картон.
Потоа и Лацио остана со играч помалку откако Раду заработи втор жолт картон, а Брозовиќ ја направи драматична завршницата со гол во 84. минута.
Сепак, Интер немаше сили за нов погодок, па на крајот мораше да се помири со елиминација.

error: